Вести Македонија Топ вести

Ставени ленти, се наредија багери околу паркингот кај Холидеј Ин-фирмата се фали, некои жители слават, Шанса за Центар прашува каде е обвинителството за потенцијалната бетонска дивоградба

Првата од вкупно три дваесеткатници на најспоменуваниот празен простор во срцето на Скопје, спроти хотелот „Холидеј Ин“ веќе започна да се гради.

Неколку работници малку понастрана од паркингот и најблизу до кејот на реката Вардар од утрото започнаа да го подготвуваат теренот.

Од фирмата која ќе ги гради зградите утрово испратија соопштение дека нешто повеќе од седум месеци откакко е добиено одобрение за грдба од Општина Центар, започнуваат градежните работи.

„Објектот ќе биде изграден согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои имаат минимално влијание врз животната средина. Подземните нивоа се наменети за паркирање на возила, приземјето и првиот кат се со деловна намена, додека останатите катови се станбени единици со различна големина.“, објавија од „МГ Фешн“ ДОО Скопје.

На терен се уште нема багери и ископ, и сега во тек се основните работи со кои работниците го прилагодуваат теренот за градежни работи.

На само неколку метри од работниците се куќите коишто се дел од Ново Маало. Бројни стари фасади, стари градби и преку 200 жители. Но, дел од нив се среќни што конечно нема да живеат во супстандардни услови.

Сепак, овој став на жителите на Ново Маало не го делат и од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар. Градбата која денес започна да се гради ја нарекуваат „потенцијално нелегална“ и остри реакции упатуваат кон надлежните.

„Кучињата лаат, ДУП-от си врви. ОЈО, Владата и Општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј ин. Справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту садење цвеќиња, туку е вистинска борба! Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите и очигледно немате намера за бескомпромисна заштита на нашиот простор за живеење – ниту пак, за пркос и санкционирање кон сите што ја загрозуваат и деградираат нашата општина.“- реагираат ос Шанса за Центар.

„МГ Фешн“ првата зграда ја гради заедно со МПЦ која фигурира како сопственик на земјиштето, а за истата се уплатени комунилации во Градот и Општината, и тоа во висина од 2,4 милиони евра.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе