Ковид19 Македонија

Филипче по средбата со синдикалните лидери: Два слободни дена за вакцинација и трошоците на ПЦР тестови да бидат на работодавачите ќе бидат разгледани утре од владата

Мерката за вакцинирање на вработените важи за луѓето во јавните и приватните институции а иницијативите за ваквите иницијативи дојдоа од претставниците на Стопанските комори, изјави по средбата на претставниците на синдикатот, Министерот за здравство, Венко Филипче.

“Тоа што го побараа претставниците на синдикатот а ќе биде разгледано на утрешната седница на владата е прво мерката, по моментот за донесување, да важи не 10 дена, туку 15 дена потоа, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството на синдикатите. Понатаму да бидат дадени два, слободни платени денови за луѓето кои ќе се вакцинираат, денот на вакцинација и следниот ден и последното барање во однос на оние кои не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот како алтернатива, што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок, да биде на товар на работодавачите” – изјави Филипче.

Тој потврди дека сите овие предлози ќе бидат разгледани на утрешната владина седница. Во однос на како што кажа, специфичната дискусија, со претседателот на синдикатот за здравство, била утврдена правната основа врз основа на која може вакцинацијата кај здравствените работници да биде задолжителна а тоа се одредбите во правилникот за имунопрофилакса, имајќи ја предвид специфичноста на ситуацијата, додаде Филипче врз основа на кој, сите здравствени работници во наредните 30 дена би се вакцинирале.

Претседателот на сојузот на синдикатите, Дарко Димовски, изјави дека тој лично е вакциниран и не гледа зошто и другите не би се вакцинирале.

Тој ги потврди барањата кои ќе бидат разгледани на владината седница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Утрово состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес

Дејан Дејан

Непречено се гласа на територија на цела држава, регистрирани се помали технички проблеми

Дејан Дејан

Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе