Македонија

Младите со идеи за намалување на загадувањето на животната средина

Повеќе рециклирање, помалку отпад. Ова е мотото на новиот концепт на циркуларна економија кој треба да ја замени класичната линеарна економија. Експртите велат целта е да се намали расипничката потрошувачка на природните ресурси, и наместо планини од депонии, со рециклирање, отпадот да стане суровина за производство. Со тоа ќе се намали загадувањето на животната средина, ќе се ублажат климатските промени, ќе се зголеми енергетската ефикасност, а ќе се отворат нови работни места во зеленото претпримеништво.

Принципот на линерарната, класичната  економија подразбира произведи-употреби-фрли, а сега кај циркуларната економија е малку видоизменет, не е само произведи-употреби-фрли, туку произведи-употреби-поправи-повторно употреби и на крај рециклирај, вели проф.д-р Божидар Миленковски, ФИКТ Битола.

Зелениот план на ЕУ за имплементација на циркуларната економија, предвидува поддршка и за земјите од Западен Балкан, а кај нас овој концепт е малку применет.

Треба да го применуваат сите бизниси, а бизнисте за да можат да опстојат треба да се прилагодат на заштита на животната средина. Тоа може да го прават и во соработа со јавниот сектор, а креаторите на јавни политики, треба да се насочат со свoите мерки во оддржување на циркулаторна еконoмија. Овој бизнис модел треба да биде вклучен и во образовниот процес, почнувајќи од најмладите, вели  проф д-р Марина Блажековиќ Тошевски, ФИКТ-Битола.

Здружението за млади и доживотно учење од Битола, го промовираше концептот циркуларна економија, или општество насочено кон рециклирање, со цел да се подигне на повисокo ниво свеста и начинот на размислување, затоа што велат придобивките за поединецот, бизнис секторот и општеството воопшто, се огромни.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе