Вести Ковид19 Македонија

МЗ: 69 отсто од новите случаи и 80 отсто од починатите со Ковид-19 се невакцинирани

Во период од 6 август до вчера на територија на државата 53.682 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19 од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани, стои во анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство.

За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера на територија на државата од вкупниот број починати, 80 отсто биле невакцинирани, а 20 отсто од починатите примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе