Вести Ковид19 Свет

Кризниот штаб во Србија со предлог за можен распуст за учениците од 15 декември и да трае еден месец

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, нагласи дека ќе предложи зимскиот училишен распуст наместо на 31 декември да почне на 15 декември, за да се покрие празничниот период, вклучително и Новата година според грегоријанскиот календар.

„Ова би вклучило празничен период за верниците кои слават според католичкиот календар. Католичкиот Божиќ е пред Нова година, тогаш веројатно ќе имаме наши луѓе кои живеат и работат во Западна Европа, а ќе дојдат кај нас во тоа време. Поради сетот тоа распустот би траел до православен Божик или српска Нова година“, изјави Тиодоровиќ за Нова.

Според него, втората можност е празникот да почне малку подоцна, пред Нова година, за да се опфати тој празничен период. Според тоа сценарио, првиот работен ден би бил по православниот Божиќ. Тој напомена дека третата можност е луѓето од образованието да дадат мислење за распусотт и времетраењето на полугодието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе