Вести Македонија Топ вести

7,5 години затвор за сообраќајна несреќа во која настрада Јелена Филиповиќ чиј гроб беше ископан од затвореници на викенд

22-годишниот кумановец Никола Стефановски е осуден на 7 и пол години затвор затоа што како возач под дејство на алкохол и опијати предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина неговата сопатничка Јелана Филиповиќ.

Несреќата се случи лани во јануари во Миладиновци, а Стефановски ја доби оваа казна иако на претходното рочиште ја призна вината.

Судијката Елена Јосифовиќ во скопскиот кривичен суд рече дека пресудата ја носи во време кога во јавноста има голема дебата за висината на казните за сообраќајните несреќи со жртви. На Стефановски му е определен и притвор до правосилност на пресудата.

Родителите на загинатата Јелена Филиповиќ не беа задоволни од истрагата бидејќи сметаа дека е извршено убиство, но обвинителството по вештачење на нивните докази не ги прифати. Таткото на загинатата пак е во притвор поради истрага за планирање и нарачување на платено убиство на сега веќе осудениот возач.

На 11-ти октомври оваа година, гробот на загинатата 17-годишна Филиповиќ беше ископан од крадци на гробови кои биле пуштени на викенд од затворот Идризово. Во истрагата еден од крадците тврдел дека барале злато од телото на загинатата иако семејството Филиповиќ се сомнева дека било нарачка да ги вознемири затоа што мајката ден пред сквернавењето на гробот пријавила закани. Истрагите за двата случаи во Куманово се уште се отворени.

Повеќе за оваа приказна ќе има во емисијата КОД во недела (21.11.2021.) во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе