Судскиот спор меѓу грчки Интракат и градежната компанија „Бетон“-Штип е вратен во Основниот суд во Штип, откако Врховниот суд ја укина пресудата. Штипски „Бетон“ како подизведувач го тужи Интеркат за неисплатени побарувања од два милиони евра за изградба на новата Клиничка болница во Штип.
Рочиштето е закажано на 3 декември а претходно Основниот и Апелацискиот суд во Штип пресудија во корист на „Бетон“, но откако Врховен суд ја укина пресудата постапката се враќа од почеток. Договорот меѓу изведувачот и подизведувачот е раскинат во 2018 година.
Министерството за здравство вчера информираше дека Банката на Советот на Европа најавила дека се повлекува од проектот и се прекинуваат речиси 14 милиони евра.
Во меѓувреме Министерствата за здравство и финансии веќе бараат други финансиски извори за доизградба на болницата, којашто требаше да биде најсовремена за лекување и дијагностицирање на околу 300.000 пациенти од источниот и југоисточен регион.
Болницата требаше да чини 30 милиони евра.
