Македонија Топ вести

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Само брзи избори се решение за политичката криза – партискиот конгрес закажан за 12-ти декември

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница ја разгледувал актуелната ситуација во државата по победата на оваа партија на локалните избори.

Според членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, било заклучено  дека најдобро решение за излез од политичката криза во државата е одржувањето на предвремени парламентарни избори , бидејќи со СДСМ не може да има нова влада, туку само продолжување на политичката криза во земјата.

Истовремено, на комитетот се разгледувале и партиски прашања, при што било одлучено на 12-ти декември да се одржи конгресот на партијата. На овој конгрес се очекува актуелниот лидер, Христијан Мицкоски, да биде единствен кандидат за претседател на партијата, особено по победата на локалните избори.

Партијата одлучила и да се однесува конструктивно во македонското Собрание, во поглед на усвојувањето на буџетот на државата, затоа што како што рече Ковачки, буџетот не се носи за СДСМ или ДУИ, туку за граѓаните на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе