Пратеничката Славјанка Петровска објави документ од кој се гледа дека лице за кое таа тврди дека е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, е вмешан во аферата со препродажба на ниви во Делчево. Тврди дека, тој и уште неколку лица блиски до опозициската партија, купени ниви за багателни суми потоа ги препродале на ЕВН Електрани за 40 пати повисоки суми, со што заработиле еден милион и 500 илјади евра.
Мицкоски на овие обвинувања одговори дека ги охрабрува сите институции да истражат и доколку докажат дека е вмешан ќе понесе одговорност. Но го впери прстот и во владејачката партија.
