Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Не го чувствувам како неуспех тоа што немаше 61 потпис за развластување на власта

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека 59 пратеници поддржувачи на владата на Заев се бојкотирале самите себеси со тоа што не дошле на седницата и да гласаат против иницијативата за пад на владата. Мицкоски во вечерашното гостување на Топ Тема се сомнева дека сите овие 59 пратеници од владејачката коалција ја поддржуваат истата, и затоа имало тактика тие да не присуствуваат, односно бојкотирале и не дошле на седница да гласаат против иницијативата. Мицкоски смета дека можеби дел од нив и би гласале за уривање на власта, а власта тоа го знаела и затоа дала наредба да не присуствуваат на седницата.

Јас не се изземам од неуспехот. Фактот е дека имавме 61 потпис  од пратеници кои со допис беа доставени во Парламент. Во меѓувреме еден од тие пратеници одлучил да верува во тие вредности за кои зборува и да не се појави на седницата. Но, можеше да дојде и да гласа против. Можам да верувам дека тие 59 пратеници кои ја поддржуваат власта биле спречени да додјат, смета Мицкоски.

Вели дека не ја лажел јавноста и дека на списокот имало 61 потпис, но она што се случи потоа и не беа обезбедени потребните пратеници за развластување на власта, не го чувствува како свој неуспех.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе