Германската канцеларка Ангела Меркел ја оцени како драматична ситуацијата во земајта откако денеска беа регистрирани 52.826 новозаболени и 294 смртни случаи од Ковид-19. Драматично зголемување на бројот на позитивни случаи на дневна основа се забележува во голем дел од Европа. Вчера во Чешка беа пријавени 22.479 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Русија регистрираше 36.626 позитивни случаи, но тоа што најмногу ги загрижува властите е зголемувањето од 31 процент на бројот на новозаболени за разлика од минатата недела. Во Германија стапката на инфекции е помала, но нејзиното постојано зголемување е причината која ги вознемирува властите.
Според мене Федералната влада и сојузните држави мораат да се согласат за некако праг на т.н индекс на хоспитализација, односно, индекс кој ќе ја покажува сериозноста на ситуацијата во болниците, и според кој ќе бидат преземени соодветни обврзувачки мерки за зауздување на пандемијата, во согласност со локалната ситуација со заразата. Индексот на хоспитализација без праг, ќе биде како тигар без заби, изјави германската канцеларка.
Но од друга страна има земји како Франција, Шпанија и Италија кои дури сега започнуваат да ги чувствуваат првите знаци на четвртиот бран. Бројот на смртни случаи во сите три земји вчера не достигна ниту до половина од германскиот. На сила се се уште лабави мерки а границите се отворени за странските туристи.
Имаме многу европејци, главно од соседните држави како Шпанија, Франција, Германија, Австрија, Англија. Имаме пробив на американскиот пазар, додека кај сите останати има застој, на пример рускиот и кинескиот, австралискиот, источно азискиот и јужно американскиот. Тоа е така затоа што Европската агенција за лекови не ги признава вакцините, и зато туристите кои сакаат да патуваат во Италија, мораат да одат во карантин кога ќе пристигнат во нашата држава, и кога ќе се вратат дома, рече заменик претседател на Асоцијацијата на хотелиери во Италија Џузепе Росколи.
Ваквите драстични разлики меѓу европските земји се објаснуваат со разликите во однесувањето на граѓаните, особено во зимскиот период кога социјализацијата најчесто се случува во затворен простор. Потоа нивото на имунитет, кој се разликува според степенот на вакцинација, бројот на прележани и како нивниот имунитет се намалува.
Игор Трајков
