Македонија

Две ипол години затвор за момчето што на пешачки ја прегази Верица Белчовска, чии органи беа донирани

Две години и шест месеци затвор за момчето што лани во април ја пргази 20 годишната Верица Белчовска на пешачиот премин во центарот на Струмица. Вака одлучи штипска апелација пет месеци по пресудата на Основниот суд во Струмица. Со пресудата на штипска Апелација двојно се зголемува казната од година и три месеци, но за мајката на Верица тоа е неприфатливо ниска казна.

Адвокатката на Белчовски, Сања Мирчов, вели дека апелациониот суд не ги известил за одржувањето на јавната седница, за да може семејството да присуствува и да ја искаже болката за загубата.

Со две години и шест месеци казна нема да се постигнат целите на казнувањето, а судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна еден млад живот. Се работи за две кривични дела за кои на обвинетиот му е изречена мнимална казна, рече адвокатката на семејството.

Верица стана еден од симболите на македонското органодарителство, откако по нејзината клиничка смрт, семејството одлучи да се донираат органите. Мајката на младата Верица вели дека во овој хуман чин нашле сила да продолжат напред.

18 годишното момче што со автомобил „нисан“ ја прегази Белчовска ноќта на седми април 2020 година , го напуштило местото на несреќата. Во полициската станица се пријавил сам, подоцна истата ноќ.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе