Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Според обвинителството, Кичеец еднаш возел со неприлагодена брзина, а вторпат кога е склопена спогодбата- возел со прилагодена брзина

Во соопштението и одговор на јавното обвинителство за сообраќајната несреќа предизвикана од Зоран Милески Кичеец (еден загинат и 7 повредени) која беше „крунисана“ со спогодба за признание на вина и 6-месечна казна затвор и покрај една човечка жртва, има и „крунска“ огромна разлика.

Во соопштението кое е издадено 3 дена по несреќата, обвинителството соопшти дека Кичеец возел со неприлагодена брзина.

-На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него, стои во соопштението на јавното обвинителство (слика доле).

Во одговорот од 10. ноември пак воопшто нема никаков збор неприлагодена брзина туку стои дека Кичеец „не ја пречекорил дозволената брзина на патот“.

-Надлежниот јавен обвинител спроведе темелна истражна постапка во рамките на која беа наредени и извршени повеќе вештачења за точно утврдување на причините за несреќата. Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот., стои во одговорот на обвинителството.

Гостиварското обвинителство ја прифатило спогодбата и со ваква изменета квалификација, а дополнително претекнување на полна лента е квалификувано како „небрежност“, а не како умисла или намера.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе