Вести Македонија Топ вести

Касами ќе ги раскине договорите на 350 хонорарци во Општина Тетово

Административците со договор на дело во Општина Тетово ќе работат до крајот на годинава, кога им завршува истиот.

Новиот градоначалник Биљал Касами најави дека ќе ги прекине ваквите договори. Онаму каде што имало законски прекршувања ќе побара и враќање на средствата.

Касами најавува преглед на описите на работните места, а ако е потребно и ресистематизација.

Дополнително, вели дека се разгледува и можноста за воспоставување систем за мерење на учинокот на административците и надоместоци на плати.

Досега во Општината работеле повеќе хонорарци, од редовно вработени, вели Касами.

Инаку Касами, по преземањето на градоначалничката функција ги запре сите инфрастуктурни проекти кои се одобрени од претходната локална власт, со образложение дека за истите се спроведува ревизија.

Донесе и одлука за бесплатен паркинг во градот, додека се прават анализи за понатамошната работа на јавното претпријатие, кое досега работеше со загуби.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе