Македонија

Општините да се отворат за граѓаните и да ги вклучат нивните потреби при планирањето на буџетите

Градоначалниците во земјава се затворени за граѓаните за тоа како ги трошат нивните пари, а слабо ги прифаќаат и нивните барања – покажува индексот на отворени општини на Здружението за анализи и истражувања ЗМАИ. Просечната оценка за отвореноста на сите 80 општини во земјава, плус Град Скопје се движи од 21 до 40.

Највисока оценка на идексот за отвореност има општина Богданци 63, а две општини се со оценка нула- тие се целосно затворени за граѓаните во буџетскиот процес.

За учесниците на дебатата за „Подобрување на процесите  на локално буџетирање“ клучно е граѓаните да бидат вклучени во процесот на планира и трошење на нивните пари. Велат тоа е клуч да порасне демократијата во нив.

Анализите покажале и дека 70 проценти од општините во земјава не користат социјални мрежи за да ги информиораат граѓаните за буџетскиот процес, а дури 90 проценти од нив, немаат ниту објави за некакви анкети активности кои ги спровеле за граѓаните.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намалување на царинските стапки за одредени производи, а не удар врз компаниите преку маржите сметаат трговците

Дејан Дејан

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Сашо Чавдаров

Операта „Набуко“ проследена со овации од публиката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе