Вести Ковид19 Свет

Идната власт во Германија планира воведување строги мерки против коронавирусот

Партнерите во идната германска влада – СПД, Зелените и ФДП се обединети во ставот дека нема да има нови затворања во целата земја, но сметаат дека се потребни строги мерки и во наредните денови во Бундестагот ќе поднесат барање за усвојување нови мерки поради зголемиот број новозаразени.

Планот на идните коалициски партнери е да донесат закон со кој би се вовеле строги мерки уште пред да се формира владата.

Според весникот „Билд“, тие мерки предвидуваат строги правила кој со кого, кога и каде може да сретне.

Предвидено е и воведување обврска за поседување „3Г“ докази – потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест – за користење јавен превоз, без разлика дали се работи за локален, регионален или друг превоз, што треба да важи и за такси возилата.

Исто така, маската сè уште ќе биде потребна во јавниот превоз.

Германската „семафор коалиција“ планира да воведе „3Г“ на работното место, а форсира и работа од дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

32 Конгрес на СДСМ – се очекува усвојување на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата

Дејан Дејан

Трет пат во период од година и пол – парламентарни избори на Косово

Дејан Дејан

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе