Македонија Најважни

Нов пристап и подобри односи меѓу Бугарија и Македонија

Партијата „Продолжуваме со промени“ формирана на само два месеци пред изборите, на чие чело е двоецот Петков – Василев, победи на парламентарните избори во Бугарија. Двајцата дипломци од Харвард, поранешни привремени министри кои ги натераа и олигарсите да плаќаат даноци, сега се претенденти едниот за премиер и другиот за министер за финансии.

Нивната партија „Продолжуваме со промени“, нема да разговара со утра-националистичката ДПС и со ГЕРБ на Борисов, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, Социјалистите, како и со „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Кирил Петков. Неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Вели треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Северна Македонија, во кои покрај историчари ќе има и луѓе од бизнисот, културата и образованието, а ќе се состануваат секој месец.

Имаме категоричен став за тоа што треба да се направи. Треба веднаш да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и со луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја, туку за сѐ што може да придонесе за да просперираат и да се зајакнат добрососедските односи. Крајно време е да сфатиме дека не е нормално да летам преку Виена за да стигнам до Скопје, дека не е нормално да немаме железничка линија која ќе не поврзува, дека не е нормално бугарските бизнисмени да продаваат во Австралија, а не во Македонија. Истото се днесува и за нашите македонски колеги. Треба да почнеме да зборуваме за сите работи од кои може да имаме полза како добри соседи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и да се среќаваат најмалку еднаш месечно. Ние треба да си ги заштитиме нашите национални интереси, тие треба да си ги заштитат нивните, но со заеднички услов, и двете страни да имаме полза од тоа, истакна Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“.

Неговата прва изјава по добриот изборен резултат, кај аналитичарите ја загреа прогнозата дека Македонија може да очекува попријателски партнер во новата бугарска влада. Иако Бугарија се бори со корупцијата, на дното е со бројот на вакцинирани и го има истиот проблем како и Македонија со одлив на млади луѓе од државата. Но, двете соседни држави мора да работат на подобрување на инфрструктурата.

Шефот на македонската дипломатија Османи на средбата со неговиот бугарски колега Стоев ја истакнаа важноста од изнаоѓање решение во интерес на двете страни и динамизирање на работата на Експертската комисија. Османи очекува до одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември да бидат интензивирани контактите меѓу двете земји.

Во Бугарија вчера се одржаа и претседателски избори, претседателот Радев останува со најголема поддршка од Бугарите.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе