Вести Ковид19 Свет

Холандија воведува нови рестриктивни мерки – баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот

Холандија од утре повторно ќе воведе делумна блокада во обид да го спречи растот на заразени од Ковид-19, објавија холандските медиуми.

Според холандскиот државен медиум „НОС“, кој се повикува на извори од администрацијата, баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.

Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.

Владата на Марк Руте ќе ја донесе конечната одлука во текот на денот, а новите мерки ќе ги соопшти на телевизиско обраќање во 18 часот.

Рапидно расте бројот на заразени во Холандија, откако на крајот на септември беа укинати рестриктивните мерки за социјална дистанца, а вчера беше регистриран рекорден број заболени од околу 16.000.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Голем шумски пожар во Франција – eвакуирани над 20.000 луѓе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе