Македонија Најважни

(видео)Села: Ние сме загрижени што имаме само Фејсбук статус на Реџепи

„Ова денеска што се случува во собранието е доказ дека паѓа владата и најпосле граѓаните ќе се осетат слободни“, рече Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците, кој рече дека сите тие што се радуваат на ваков развој на настаните, „во нив нема ништо хумано“.

“Ние сме загрижени што имаме само Фејсбук статус, а немаме глас од пратеникот ниту го гледаме некаде физички присутен.  Не можам да кажам дали е безбеден или не е. Самиот факт дека денеска се зборува за пратеник кој е претставник на народот, а немаме физичко присуство или во Собрание или каде било да два изјава мислам дека тие што се сметаат себе си за хумани луѓе треба да речат пред да зборуваме за Влада да видиме дали е безбеден човекот. Сите тие кои аплаудираат на ваквиот развој на настаните, мислам дека ништо хумано кај нив нема. Моето очекување е дека пратениците треба да одлучат според своја волја, да не бидат уценети, ако има уцени, не можам со сигурност да го кажам ова. Еве да прашам јас, дали вие немате никакво сомнение што се случува, во моментов кога имаме само една Фејсбук-изјава и не гледаме некој да се изјасни за тоа со физичко присуство. Во моментов е најважно сите, па и господинот Реџепи да биде безбеден“, изјави Села .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе