Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе расте. За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека според информациите со кои располага, притисок врз него вршела опозицијата, а не власта.
– Сето ова што се случува во Собранието е резултат на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Тој ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и за гласање недоверба на Владата. Токму за ова Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста на друг, истакна Митрески.
Соња Николовска се јави во вестите на Телма во 18.30
