Вести Свет

Советот за безбедност на ОН е загрижен поради зголеменото насилство во Мјанмар

Советот за безбедност на ОН изрази длабока загриженост поради зголеменото насилство во Мјанмар и во ретка изјава, составена од 15 земји, повика на итен прекин на борбите и воздржаност од страна на армијата.

Има извештаи за акумулирање на тешко оружје и војници во државата Чин, што укажува на воени напади врз милициите формирани откако војската ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи со преврат 1 февруари.

– Членовите на Советот за безбедност изразија длабока загриженост поради натамошното неодамнешно насилство низ Мјанмар. Тие повикаа на итен прекин на насилството и да се обезбеди безбедност на цивилите, се вели во соопштението.

Мјанмар е парализиран од протести и насилство од пучот предводен од воената хунта која се соочува со вооружен отпор од милициите и бунтовниците од етничките малцинства во сојуз со владата во сенка што ја нарекува „терористи“.

– Членовите на Советот за безбедност … ја повторија својата длабока загриженост за случувањата во Мјанмар по прогласувањето вонредна состојба воведена на 1 февруари и ја повикаа војската на крајна воздржаност, се вели во соопштението што го составила Велика Британија.

Тие додаваат дека охрабруваат „продолжување на дијалогот и помирувањето во согласност со волјата и интересите на народот на Мјанмар“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе