Седницата закажана за 11 часот за гласање доверба на Владата не започна поради немање кворум. Недостигаше еден пратеник за да има 61 потребен пратеник за да се утври дневниот ред, откако од спикерското место замина и претседателот на Собранието Талат Џафери велејќи дека не сака да е 61 пратеник во салата бидејќи не ја поддржува инцијативата. Палката му ја предаде на потпретседателот Фадил Зендели кој никогаш не водел седници. Пратеникот поради кој немаше 61 пратеник за да почне седницата беше Кастриопт Реџепи од БЕСА.
Далиборка Демјанска е во собранието, ги следи случувањата.
