Вести Свет

Мигранти ја пробиле оградата на границата од Белорусија кон Полска

Две големи групи мигранти успеале да ја пробијат оградата на границата меѓу Белорусија и Полска.

Како што јави полската агенција ПАП, повикувајќи се на локалната радио станица Бјалисток, десетици луѓе успеале да урнат ограда во близина на селата Кринки и Бјаловиеза и да ја преминат границата.

Радиото ја цитира изјавата на портпаролката на граничните сили дека и во двата случаја оградите на границата биле насилно урнати.

– Некои мигранти се однесени во Белорусија, додека други успеаја да избегаат, рече таа.

На белоруската страна има стотици мигранти.

Полска одбива да прими мигранти на нејзина територија, па во последните недели испрати стотици припадници на своите сили на границата и подигна бодликава жица, со цел да го спречи секој обид на мигрантите да се пробијат.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во вторникот побара на мигрантите да им биде дозволен влез во Полска. Во едно интервју, тој рече дека повеќето од нив сакаат да одат понатаму, во Германија.

Европската унија го обвини Минск дека им помага на мигрантите да стигнат до надворешните граници на Унијата во Полска, Литванија и Летонија како одмазда за западните санкции наметнати на Белорусија поради политичката репресија врз сопствената опозиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе