Вести Ковид19 Свет

Во Германија помладите од 30 години ќе се вакцинираат само со Фајзер

Германскиот комитет за вакцинација  објави дека на граѓаните помлади од 30 години смее да им се дава само вакцината Бионтех-Фајзер.

Одлуката дојде откако студии покажале дека помал број млади луѓе развиле воспаление на срцето откако биле вакцинирани со вакцината Модерна, што не е забележано кај постари од 30 години.

СТИКО препорача и трудниците, без разлика на возраста, да се вакцинираат само со Фајзер.

Предлогот за препорака сега оди до германските покраини и дополнителна група експерти на разгледување и, можеби, ревизија.

Француската агенција за јавно здравје вчера препорача на лица под 30 години да им се дава вакцината на Фајзер кога е достапна, наместо Модерна, која „има релативно поголем ризик од проблеми со срцето“.

ЕМА претходно оваа година соопшти дека утврдила можна врска меѓу ретко воспаление на срцето и вакцините на Фајзер и Модерна против Ковид-19. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на мРНА ги надминуваат ризиците, соопшти агенцијата, а тоа е ставот и на американските регулатори и на СЗО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Тест модел на ВИ избега од изолирана средина и влезе во сервери на друга компонија – „ова е сериозно“, предупредуваат експертите

Sasko Dimovski

Прифатена гаранција од преку милион евра за Сејдини – судот го укина притворот за експретседателот на ФФМ и го пушти да се брани од слобода

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе