Вести Ковид19 Свет

Нов црн рекорд на починати од Ковид-19 во Бугарија

Во последните 24 часа од Ковид-19 во Бугарија починале 334 лица, што е втор најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија, во март 2020 година.

Дури 94,31 отсто од новите смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија не биле вакцинирани. Во последното деноноќие со коронавирус се заразиле 5.286 бугарски граѓани, што е речиси 11 отсто од тестираните со ПЦР или антигенски тестови.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според податоците на Единствениот информативен портал во Бугарија, меѓутоа бројот на новозаразени е 721 помалку од пред една недела.

Секој вторник здравствените власти во Бугарија објавуваат најновите податоци за новозаболени поради изедначување на податоците со тие од викендите.

Извршени се 48.136 тестирања, од кои 6.620 се со ПЦР, а 41.516 се антигенски.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заболени вкупно 638.048 лица, во болниците се сместени 8.516 лица, од кои 723 се на Одделенијата за интензивна нега. Само во текот на изминатито ден оздравени се 3.496 лица, со што вкупниот број се зголемува на 498 339.

Дозите на испорачани вакцини во Бугарија сега изнесува 2.978. 843, од кои за последниот ден се инјектирани 13.290.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата животот го загубија 17 деца, за NovaNews ТВ изјави министерот за образование Николај Денков. Тој најави дека инциденцата кај децата во Бугарија е зголемена за пет пати. Некои од нив одат во болница, а другите ризикуваат да го загубат животот, како што досега им се случи на 17.

Денков искоментира и дека по воведените антиепидемиски мерки бројот на болни деца во Бугарија е речиси двојно намален.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе