Вести Ковид19 Свет

Данска повторно ќе воведе здравствена пропусница поради наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19

По речиси два месеци без ограничувања, Данска повторно ќе воведе здравствена пропусница поради наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19, соопшти премиерката.

– Епидемиската комисија препорача Владата да го класифицира коронавирусот како „болест што го загрозува општеството“ и повторно да воведе здравствена пропусница. Владата ќе ја следи таа препорака, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција.

Кон крајот на минатата недела, здравствените власти предупредија на опасноста од „преоптоварување“ на болниците поради Ковид-19, грип и други заразни болести.

Вчера петти ден по ред, има повеќе од 2.000 новозразени во Данска, која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на интензивна нега.

– Здравствената пропусница же биде задолжителна за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови. Со корона-пропусница може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт, рече премиерката.

Во Данска, 85,9 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Тест модел на ВИ избега од изолирана средина и влезе во сервери на друга компонија – „ова е сериозно“, предупредуваат експертите

Sasko Dimovski

Прифатена гаранција од преку милион евра за Сејдини – судот го укина притворот за експретседателот на ФФМ и го пушти да се брани од слобода

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе