Западните земји ја прекинаа сета помош за Авганистан по доаѓањето на власт на Талибанците, бидејќи не сакаат да му помагаат на режимот кој им забранува на девојчињата пристап до образованието и поддржуваат враќање на бруталните казни на шеријатското владеење.
Но сега, целата меѓународна заедница се соочува со клучното прашање – дали само ќе набљудуваат како милиони невини луѓе се соочуваат со акутен глад и страотен недостаток на храна?
Светската програма за храна на Обединетите нации денеска соопшти дека бројот на луѓето на кои им се заканува глад се зголемил на 8,7 милиони луѓе , што е за речиси 3 милиони повеќе од минатата година.
Меѓу нив се и дечињата кои се сместуваат на одделението за неухранетост во болницата Индира Ганди во Кабул.
Затоа што пред 2 и 3 месеци бројот на нашите неухранети пациенти се зголеми ден за ден. Кога ги прашувам мајката или таткото, сите тие се жалат на сиромаштија и дека немаат храна, вели Зиа Мохамед, доктор во болницата Индира Ганди во Кабул
Катастрофалната ситуацијата во Авганистан најдобро ја илустрира фактот дека речиси 60% од населението се соочува со глад. Огромната суша е дел од причината, но фактот е дека се повеќе и повеќе луѓе едноставно не може да си дозволи да купи храна. Економијата во Авганистан е во драстичен пад уште во периодот на претходната власт, која беше поддржана од Соединетите американски држави, но со доаѓањето на Талибанците, од Август е во целосен распад. САД и другите западни земји ја прекинаа директната финансиска помош, додека Талибанците немаат пристап и не можат да ги искористат милијардите долари од националните авганистански резерви кои се чувааат во странство.
Како последици, милиони Авганистанци немаат примено плата со месеци.
Додека во пандемијата богатството на светските милијардери драстично се зголеми, Светската програма за храна денеска излезе со проценка дека бројот на луѓето во светот кои гладуваат се зголемил на 45 милиони во 43 држави во светот.
Никола Илиевски
