Над 39.000 новозаразени со коронавирус во Русија. Бројот на починати од коронавирус во Русија во последните 24 часа изнесува 1.179 лица, додека вкупниот број на заразени се искачи на 8.795.095, соопшти Федералниот оперативен штаб за борба против Ковид-19.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 246.814.
Во Руската Федерација за 24 часа 20-ти ден по ред се регистрирани повеќе од 1.000 жртви на заразата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
