Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ: Има мнозинство за пад на владата на Заев

СДСМ само ги плаши граѓаните со лепење етикети на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партијата нагласувајќи уште еднаш дека е формирано мнозинство за пад на владата на Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме. СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение потенцираат дека новото мнозинство го сочинуваат пратениците од нивната партија, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица, а се посочува и на ставот, кој вчера го изнесе и лидерот Христијан Мицкоски, дека ќе се обидат да формираат влада, но доколку таа не гарантира дека може да се спроведат потребните реформи, тогаш треба да се оди на предвремени парламентарни избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе