Вести Свет

Обилни врнежи во БиХ: Во Сараево поплавени бројни населени места, сообраќајот блокиран

Силното невреме со обилни врнежи што ја зафати Босна и Херцеговина предизвика порои и одрони, причинета е голема материјална штета во областа Јабланица, а нивото на Миљачка во Сараево се заканува да го уништи мостот Ќумурија. Многу згради и куќи во населбата Отес каде се излеа реката Железничка се под вода.

Федералниот хидрометеоролошки завод издаде црвено предупредување за обилни врнежи, силен ветер и одрони на земјиштето.

Обилните дождови синоќа во главниот град на БиХ им донесоа големи проблеми на граѓаните од многу населени места, водата на улиците го отежнува сообраќајот, а во областа Илиџа нагло порасна и се излеа водостојот на Железницата, загрозувајќи ја населбата Отес.

Загрозени се меѓу 50 и 70 куќи, во тек е евакуација на домот за стари лица, а станарите засега се селат на повисоките катови, а што ќе правиме ќе видиме подоцна – изјави Џенан Брканиќ, директор на Цивилната заштита на кантонот Сараево

Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево потврди дека се поплавени бројни згради и семејни куќи, а екипите се на терен и ги евакуираат најзагрозените.

„Се јавуваат луѓе од приватни куќи, угостителски објекти, но немаме доволно луѓе или опрема за да го добиеме сето тоа. Ова ни е најважно, да ги евакуираме луѓето во Отес, а останатите ќе треба да почекаат“, велат од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево.

Дождот, кој веќе втор ден врне во Сараево, предизвика целосен колапс во бројни населени места, а најтешка е состојбата во споменатата населба Отес.

Нивото на реките во Сараево значително се зголеми. Реката Жељезница во некои делови се излеа од коритата, а нивото на Миљачка порасна. Реката Босна се излеа и им се заканува на населените места Осиек, Доброшевиќи, Бојник и Рељево. Под вода се и главните патишта во Сараево, а сообраќајот се одвива отежнато.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе