Вести Свет

Мицотакис: Договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Договорите се однесуваат на држави, а не на влади, потенцираше грчкиот премиер Кријакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега“, во однос на последните случувања кај нас и Договорот од Преспа.

Мицотакис уште еднаш го повтори неговиот став дека од моментот кога Договорот е ратификуван, тие ќе го спроведуваат.

-И покрај слабостите што ги посочив во Договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој Договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување, рече Мицотакис.

Додаде дека „токму со следењето на овој процес е поврзано“ прашањето за тоа кога во Парламентот ќе бидат донесени за ратификација трите меморандуми со нашата земја.

На коментарот на новинарката дека „досега немаше проблеми во Северна Македонија“ и сепак не беа ставени на дневен ред, Мицотакис кусо одговори дека тоа, ќе го оценат тие во соодветно време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе