Вести Ковид19 Свет

Кина се соочува со најголема епидемија на Ковид-19 од почетокот на првиот брат во Вухан

Кина се бори со најголемата епидемија на Ковид-19 од почетокот на првиот бран на инфекција во Вухан во 2019 година.

19 кинески провинции пријавиле случаи на коронавирус од средината на октомври, соопшти Националната здравствена комисија.

Националната здравствена комисија во текот на вчерашниот ден објави 93 нови инфекции, што е најголем дневен број на инфекции во последните три месеци. Од почетокот на новиот бран ширум земјата се пријавени околу 500 случаи.

Овие бројки можеби не изгледаат големи во споредба со оние регистрирани во западните земји – каде што некои пријавуваат десетици илјади случаи на ден, но тие се големи бројки за Кина, која се држи до стратегијата „нулта ковид“, пишува Си-Ен-Ен.

Овој пристап, кој има за цел целосно да ги искорени инфекциите во државните граници, значи дека властите дури и неколку случаи ги сфаќаат многу сериозно и ги доживуваат како закана. Затоа Кина се придржува до строги гранични контроли и долгорочни карантини за меѓународните пристигнувања.

Новиот бран на инфекции започна на 16 октомври кога беа откриени инфекции меѓу туристичка група целосно вакцинирани постари граѓани од Шангај кои патувале во северна Кина. Бројот на нови случаи оттогаш рапидно порасна и вирусот се прошири во северните провинции.

Властите веднаш презедоа акција, започнувајќи масовни тестови, краткорочни локални заклучувања, карантини и суспензии на патувања. Официјалните лица забранија патување меѓу провинциите во погодените региони.

Во една популарна туристичка дестинација, на сите жители и туристи им беше забрането да ги напуштат своите домови. Главниот град Пекинг ги заостри критериумите за влез на своја територија и нареди криминален притвор за оние кои ги прекршуваат. Неколку градови, вклучително и Ланжу, каде што се пријавени неколку десетици случаи, се ставени во карантин.

Но, вирусот сè уште се шири брзо, поставувајќи го прашањето за одржливоста на кинеската стратегија „нулта ковид“, особено поради доаѓањето на нови, позаразни варијанти како што е делтата, што предизвика хаос во многу азиски земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Тест модел на ВИ избега од изолирана средина и влезе во сервери на друга компонија – „ова е сериозно“, предупредуваат експертите

Sasko Dimovski

Прифатена гаранција од преку милион евра за Сејдини – судот го укина притворот за експретседателот на ФФМ и го пушти да се брани од слобода

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе