Големо невреме кое предизвика силни планински порои го погоди планинскиот дел во Мостарско-неретванскиот кантон во БиХ.
Босанскиот веб медиум avaz.ba објави и видео на кое се гледа застрашувачката моќ на природата. Порој се спушта од врвот на планината кон патот и објектите додека луѓето се извлекуваат со автомобили.
Во невремето нема пријави за повредени луѓе.

На снимката се гледа како сопственик на еден ресторан заедно со вработените се обидува да ги спаси и јагнињата кои се печат на ражен.
Невремето ја зафатило областа околу градчето Јабланица кое се наоѓа меѓу Мостар и Сараево.
Босанските медиуми јавуваат и за поплавени куќи во погодениот регион.
