Вести Свет

Земјотрес во Крагуевац, почуствуван е и во Белград

Дваесет и пет минути по полноќ во Србија е почувствуван земјотрес, а според податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на неколку километри од Крагуевац.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала кај Крагуевац.

-Наеднаш после полноќ почнаа да се тресат вратите и прозорците, убаво се затресе, изјави Љилана Б. од Крагуевац.

Земјотресот е почувствуван и во Краљево, но и во Белград.

Директорот на Републичкиот сеизмолошки завод, Бранко Драгичевиќ, изјави дека утрово во 5.18 часот е регистриран последователен земјотрес со јачина од 2 степени, кој е регистриран само со инструменти, а не можел да се почувствува.

Пред четири дена, со епицентар недалеку од Младеновац, беа почувствувани неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе