Рускиот претседател Владимир Путин побара од војската да изгради дополнителни капацитети за лекување на зголемениот број пациенти со Ковид-19, јави ДПА.
– Тие дополнителни места за лекување треба да го олеснат здравствениот систем, рече Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Русија надминува 40.000 дневно додека смртните случаи го преминаа прагот од 1.000 на ден. Сепак, експертите сугерираат дека реалната бројка е многу поголема.
-Никогаш досега не се случило такво нешто, нагласи Путин.
Поради наглото зголемување на бројот на заразени вработени низ Русија, им беше кажано да останат дома до 7 ноември. Главниот град Москва и другите региони се во делумно заклучување. Повеќето продавници се затворени, но супермаркетите и аптеките продолжуваат да работат. Руското раководство продолжува да ги повикува луѓето да се вакцинираат. Сепак, само околу 30 отсто од населението е имунизирано.
