Вести Свет

ФОТО: Со фармерки, црвен тепих и гарда, Србија го пречека на првата официјална посета премиерот на Црна Гора, медиумите во Подгорица велат понижување

Црногорскиот премиер Миодраг Кривокапиќ е во прва официјална посета на Србија по покана на колешката Ана Брнабиќ.

Но домаќинката не го пречека на белградскиот аеродром, затоа што како што пишува весникот „Данас“, Брнабиќ држела прес конференција за една година од функционирањето на владата на Србија.

Министерот за земјоделие и потпретседател на српската влада Бранислав Недимовиќ го пречека гостинот од Црна Гора, но не во официјална облека туку во неформална и по црвениот тепих меѓу гардистите, првиот земјоделец на Србија парадираше со фармерки и лежерен мантил.

Потегот ги налути црногорските медиуми, а весникот „Побједа“  го оцени дочекот како понижување на Црна Гора бидејќи кабинетот на Кривокапиќ е формиран откако на ланските избори во Црна Гора, просрпските партии помогнаа во првата победа над Мило Ѓукановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе