Вести Свет

Хрватскиот претседател забрани говор на министерот за одбрана, премиерот Пленковиќ ги учеше новинарите како да известуваат за „инцидентот“

Откако требало да држи говор, а неговата соработничка да го преземе раководењето на воената церемонија во Пожега, хрватскиот министер за одбрана Марио Бажогиќ добил забрана да го каже своето официјално обраќање. Демонстративно си заминал од касарната во Пожега и побарал началникот на хрватската војска да си поднесе оставка затоа што му кажал дека нема да зборува.

Подоцна хрватскиот претседател Зоран Милановиќ објасни дека тој како врховен командант издал таква наредба и дека министерот нема право да се меша во воениот дел ниту пак смее да помисли да разрешува генерали.

-Денеска се плеткаше во синџирот на команда. Ги собираше генералите и се закануваше. Инсталираше своја соработничка на воена церемонија. То не е удар врз војската, тоа е политичка свињарија, и не му е прва. Одеше во Брисел и договараше работи. Тој воопшто нема никакво сериозно искуство, мислам за овој ресор. До зрели години не работел ништо сериозно, туку само селски туризам. Не е сериозен за оваа работа, за во одбрана, рече Милановиќ, кој по инцидентот даваше изјава повеќе од 34 минути и нареди секакви квалификации, навреди и политички обвинувања кон владеачката ХДЗ.

Подоцна му врати премиерот Андреј Пленковиќ кој рече дека постапката на Милановиќ не е удар туку „ползечки државен удар“ и го осуди навредливото и скандалозно однесување на хрватскиот претседател.

Но за да не остане покус, Пленковиќ почна да „наредува“ не на војската туку на новинарите.

-Не станува збор за расправија туку за незаконито однесување на претседателот. Јас љубезно Ве предупредувам, осбено телевизиските куќи, кога ова ќе го кратите вечер, да ја извадите од етер таа лажна теза за расправија. Ја злоупотребувате својата улога, својата концесија и дезинформирате хрватски граѓани. Јас Ви кажувам она што како претседател на хрватската влада сакам да им го порачам на хрватските граѓани, рече премиерот Андреј Пленковиќ и не застана.

-Јас не Ви зборувам на Вас, Вие (медиумите) тука сте само трансмитери, протолкува хрватскиот премиер, но новинарите во Хрватска во ова негова изјава видоа заканувачки пораки и непознавање на новинарската професија од првиот човек на владата во Загреб.

Милановиќ кој е избран како кандидат на СДП и Пленковиќ од ХДЗ се ривали кои тешко се воздржуваат од ниски удари во постојаните вербални судири кои ги имаат за политички прашања во јавноста. Сепак многу „посочен“ и непристоен речник употребува претседателот.

Од друга страна и двајцата имаат навика или да се расправаат со новинари или пак и да им даваат „упатство за работа“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе