Вести Свет

Единствен кандидат за директор на СЗО е Тедрос

Актуелниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус е на добар пат за втор петгодишен мандат на чело на Светската здравствена организација како единствен кандидат номиниран од 28 земји, открија денеска западни дипломати.

Дипломатите се повикаа на писмото испратено од СЗО до нејзините 194 членки и ги информираа за доверливите номинации содржани во запечатените пликови доставени кон крајот на септември.

Британските медиуми наведуваат дека членките на ЕУ и три африкански земји се меѓу 28-те земји што го номинираа за старо-новата функција.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, запрашана на брифинг во Женева за номинациите, претходно кажа дека Агенцијата на ОН ќе издаде соопштение подоцна во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе