Вести Ковид19 Свет

Америка ја одобри Фајзер за деца постари од 5 години

Вакцината „Фајзер/Бионтек“ во Соединетите американски држави ќе биде достапна за деца на возраст од пет до 11 години.

Експертите од Управата за храна и лекови (ФДА) го поддржаа овој потег кој ќе оди на итно одобрување во рок од неколку недели.

Во септември беше објавено дека вакцината е безбедна за децата од таа возрасна група.

Во САД, вакцината веќе се дава на деца на возраст над 12 години, а најновата одлука влијае на околу 28 милиони американски деца.

Официјалните податоци од САД покажуваат дека 160 деца на возраст меѓу пет и 11 години починале од коронавирус од почетокот на пандемијата. Во САД од вирусот починале вкупно околу 740.000 луѓе.

САД, исто така, пријавија повеќе од 5.000 случаи на ретка воспалителна болест поврзана со инфекции со коронавирус, од што починаа 46 деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Sonja Petrusevska

Со обележани 2000 евра, кавадарчанец е уапсен за измама

Sonja Petrusevska

Немал дозвола, возел под дејство на алкохол и излетал од пат кај Кочани – лишено од слобода 24-годишно момче

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе