Вести Свет

САД повторно бараат екстрадиција на Асанж

Американската влада повторно бара екстрадација на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, за да му се суди за обвинение за шпионажа.

Претходно, судија на понискиот суд во Лондон го одби американското барање за екстрадиција на Асанж, поради објавувањето илјадници тајни воени документи преку Викиликс пред десет години.

Судијката Ванеса Барејцер одби да го екстрадира Асанж, наведувајќи здравствени причини и изјави дека тој би можел да се самоубие доколку биде држен под тешки американски затворски услови.

Асанж, кој се наоѓа во затворот Белмарши во Лондон, се очекува да учествува на сослушувањето преку видео врска, а двајца судии кои ќе ја разгледаат жалбата ќе донесат одлука за неколку недели.

Американските обвинители го обвинија Асанж за 17 точки од обвинението за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер поради објавувањето илјадници воени и дипломатски документи од страна на Викиликс.

Обвиненијата предвидуваат максимална казна од 175 години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе