Вести Свет

Јапонската принцеза се откажа од кралскиот статус

Јапонската принцеза Мако се омажи за нејзиниот колега од факултет Кеи Комуро , а со тоа го загуби кралскиот статус.

Според јапонскиот закон, женските членови на  кралското семејство го губат статусот по бракот со „обичен човек“, иако за машките членови тоа не важи.

Мако ги прескокнала вообичаените обреди на кралска венчавка и одбила исплата што им била понудена на кралските жени по нивното заминување од семејството.

Двојката се очекува да се пресели во САД каде што Комуро работи како адвокат.

Овој потег предизвика неизбежни споредби со британското кралско семејство Меган Маркл и принцот Хари, поради што младенците го добија прекарот „Јапонските Хари и Меган“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе