Јапонската принцеза Мако се омажи за нејзиниот колега од факултет Кеи Комуро , а со тоа го загуби кралскиот статус.
Според јапонскиот закон, женските членови на кралското семејство го губат статусот по бракот со „обичен човек“, иако за машките членови тоа не важи.
Мако ги прескокнала вообичаените обреди на кралска венчавка и одбила исплата што им била понудена на кралските жени по нивното заминување од семејството.
Двојката се очекува да се пресели во САД каде што Комуро работи како адвокат.
Овој потег предизвика неизбежни споредби со британското кралско семејство Меган Маркл и принцот Хари, поради што младенците го добија прекарот „Јапонските Хари и Меган“.
