Вести Свет

Кина секогаш ќе го поддржува светскиот мир, рече кинескиот претседател Си

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека Кина секогаш ќе го поддржува светскиот мир и меѓународните правила, во услови на загриженост изразена од Соединетите Американски Држави и другите земји поради се поголемата самоувереност на земјата на глобално ниво.

Тајван овој месец објави дека воените тензии со Кина се најлоши во последните 40 години, во услови на зголемена загриженост дека големиот сосед би можел да се обиде со воена сила да го врати островот со сопственото самоуправување на кое полага право.

Во говорот по повод 50-годишнината од враќањето на Кина во Обединетите нации, Си рече дека таа секогаш ќе биде „градител на светскиот мир“ и „заштитник на меѓународниот поредок“, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Во 1971 година, Обединетите нации гласаа за признавање на Народна Република Кина, исфрлајќи го Тајван од светската организација.

Кина, исто така, поодлучно ги постави своите барања за спорните територии со Индија на нејзината хималајска граница, со некои земји од Југоисточна Азија над делови од Јужното Кинеско Море и со Јапонија за некои острови во Источното Кинеско Море.

„Кина силно се противи на сите форми на хегемонија и политика на моќ, унилатерализам и протекционизам“, рече Си, повикувајќи на поголема глобална соработка за прашања како што се регионалните конфликти, тероризмот, климатските промени, кибер безбедноста и биосигурноста.

Тој ги повика сите земји да ги промовираат вредностите на мирот, развојот, правдата, демократијата, слободата, користејќи го терминот „заеднички вредности на целото човештво“ првпат споменат во говорот во јули по повод 100-годишнината од владејачката Комунистичка партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе