Вести Македонија Топ вести

За клучни предмети антикорупционерите чекаат одговор по три години

За клучни предмети антикорупционерите чекаат одговор од институциите и по три години. Прифатени се само 30 отсто од нивните препораки, барања и иницијативи, а се одбиени важни препораки и мислења за кои сметаат дека би биле одлучувачки за некои состојби. Укажуваат дека, многу нивни предмети се заглавени, дискредитирани се и обвинувани дека ги надминуваат своите надлежности.

Од комисијата чекаат одговор и за препораките за разрешување на одговорни лица, чекаат и промена на законите во кои бараат да се ограничат  дискреционите права на одговорните лица и да се обезбедат можности за фер вработување. Игнорирани се и за препораките за промена на начинот на избор на директори и членови на управни одбори, за мислењето за законот за дивоградбите, како и за барањето да се донесе законот за потекло на имот. Бараат институциите да бидат поефикасни барем за предмети кои се од особен јавен интерес. Тие кои се за лични интереси, велат, се посебна приказна.

Непочитувањето на нивните препораки, антикорупционерите го сметаат за  дискредитација на нивната работа од институциите, кои создаваат и општа клима на напади кон нив во општеството. Бараат побрзо да се решаваат иницијативите, барањата и препораките кои ги испраќаат до нив и да се зголеми ефикансоста за целосно затварање на предметите.

Во Извештајот на Европската комисија Антикорупциската комисија  е пофалена за превенцијата на корупција и за отворање на предмети за службеници од високо ниво. И таму е забележано дека треба да се зајакнат заложбите и на останатите институции.

Далиборка Дамјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе