Вести Свет

Бега од жената во затвор, му било претешко да ја лежи казната покрај неа

За некои луѓе, одењето во затвор може да се чувствува како бегство до слобода.

Маж во домашен притвор во Италија се појавил во полициска станица барајќи да биде ставен зад решетки бидејќи животот со неговата сопруга дома бил неподнослив, соопшти италијанската полиција.

30-годишниот албански државјанин кој живее во Гвидонија Монтечелио, во близина на Рим, „повеќе не можел да се справи со присилната вонбрачна заедница со сопругата“, се вели во соопштението  на карабинерите од градот Тиволи.

„Вознемирен од ситуацијата, тој сакаше да избега, отиде кај карабиниерите да побара да ја издржи казната зад решетки“, соопштија италијанските карабинери.

Човекот бил во домашен притвор поради криминал со дрога неколку месеци, а му останале уште неколку години да отслужи, изјави капетанот на карабинерите од Тиволи, Франческо Џакомо .

Тој рече дека „неговиот живот стана пекол и повеќе не може, па сака да оди во затвор“, објасни капетанот.

Кога се пријавил кај карабинерите, мажот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор и судските власти наредиле да биде ставен во затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Дејан Дејан

„Емирејтс“ и „Флајдубаи“ ги обновија летовите по поплавите во Дубаи

Дејан Дејан

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе