Вести Македонија Топ вести

Управниот суд ја прифати жалбата на АА и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

Ќе има прегласување на едно избирачко место во Дебар. Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место број 0543.

Како што информираат оттаму, оспореното Решението на ДИК се поништува и се одлучува да се уважи приговорот на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик. И во ДИК немаше едногласност за одлуката, бидејќи таа не беше поддржана од членот Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО. Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од Општинската Изборна Комисија, но продолжил да ја врши функцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе