Вести Македонија Топ вести

Петти ден од изборната кампања во вториот круг

Поминаа четири дена од кампањата за вториот круг на Локалните избори 2021, а кандидатите за градоначалници и лидерите на поголемите партии полека ги зголемуваат своите активности.

Партиите од владејачката коалиција потврдија дека владиното мнозинство останува стабилно и сплотено и дека ќе ги поддржат нивните кандидатите за градоначалници во вториот круг, а истото го направија и партиите од опозицијата. Вчера официјална средба во Собранието имаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, на која ја потврдија заемната поддршка за нивните кандидати во вториот круг. Ден претходно Мицкоски имаше телефонски разговор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на кој исто така беше потврдена соработката за вториот круг.

Од опозицискиот табор велат дека работат на ново парламентарно мнозинство кое го најавуваат по вториот круг на изборите, а од владејачкиот табор порачуваат дека актуелното мнозинство е стабилно и дури најавуваат и негово окрупнување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе