Вести Свет

Алек Болдвин со пиштол реквизит уби една жена и рани уште еден човек во текот на снимањето на филм

Трагичен инцидент во пустината во американската држава Ново Мексико ја шокираше американската јавност.

Славниот холивудски актер Алек Болдвин, во текот на снимањето на филмот „Р’ѓа“ пукајќи со реквизит пиштол смртно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

42-годишната Хаџинс со хеликоптер веднаш била пренесена во Универзитетската болница во Ново Мексико, но набргу починала, а со возило на итната медицинска помош во најблиската болница брзо бил пренесен и режисерот Соуза.

Полицијата соопшти дека до овој момент против никого нема покренато обвинение, а истрагата е се уште во тек. Информираат и дека Болдвин, видно вознемирен, доброволно се пријавил во полициската станица, каде дал изјава за настанот. Останува нејасно, како е можно во американската филмска индустрија, вредна милијарди долари, вистински куршум да биде употребен во текот на снимањето на филм.

„Ова е трагичен настан“, оцени националниот претседател на Меѓународното здружение на кинематографери Џон Линдли за смртта на Хачинс.

„Деталите се нејасни во овој момент, но ние работиме да дознаеме повеќе и поддржуваме целосна истрага за овој трагичен настан. Ова е ужасна загуба и жалиме за смртта на член на семејството на нашиот еснаф“.

„Толку сум тажен што ја изгубив Халина. И толку бесен што ова се случи на филмски сет“, изрази жалење за смртта на Хаџинс, режисерот Адам Мортимер на својот Твитер профил.

Иако помалку неверојатно, ова не е првиот фателен инцидент кој се случил во текот на снимањето на филм или серија во Холивуд.

Слична трагедија се случи на 18 октомври 1984 година кога актерот Џон-Ерик Хексум беше убиен за врема на снимањето на ТВ серијата Кавер Ап кога случајно си пукал во глава со пиштол наполнет со празни куршуми.

И во 1993 година, Брендон Ли, синот на легендарниот Брус Ли, почина откако актерот Мајкл Меси го застрела за време на снимањето на филмска сцена.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе