Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Алек Болдвин ја уби Халина Хаџинс и го рани режисерот Џоел Соуза за време на филмски сет

Холивудскиот актер Алек Болдви пукајќи со реквизит пиштол ја уби директорката на фотографија Халина Хаџинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Несреќата се случила за време на снимањето на филмот „Р ѓа“ во областа Санта Фе во Ново Мексико.

42-годишната Хаџинс со хеликоптер веднаш била пренесена во Универзитетската болница во Ново Мексико каде починала, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен и режисерот Соуза во најблиската болница, каде е хоспитализиран.

Од канцеларијата на Шерифот соопштија дека до овој момент против никого нема покренато обвинение, а истрагата е се уште во тек. Според него, Болдвин, видно вознемирендошол доброволно во полициската станица и откаско завршил распитот, тој ја нпуштил зградата.

Јавноста бара одговори, како е мможно вистински куршуми да се користат на снимање на филм.

Преку соопштение продуцентската куќа на филмот упати сочувство до семејството на Халина и информираа дека снимањето на филмот е прекинато на неопределно време.

„Ова е трагичен настан“, рече националниот претседател на Меѓународното здружение на кинематографери Џон Линдли за смртта на Хаџинс.

„Толку сум тажен што ја изгубив Халина. И толку бесен што ова се случи на сет“, изрази жалење за смртта на Хаџинс, режисерот Адам Мортимер на својот Твитер профил.

Инаку, инцидентот на некој начин кореспондира и со содржината на филмот „Рѓа“ за приказната за 13-годишно момче, кое оди во бегство со својот дедо, кој е осуден на смрт со бесење, токму за случајно убиство на локален сточар.

Слична трагедија се случи на 18 октомври 1984 година кога актерот Џон-Ерик Хексум беше убиен за време на снимањето на ТВ серијата Кавер Ап кога случајно си пукал во глава со пиштол наполнет со празни куршуми.

И во 1993 година, Брендон Ли, син на легендата за боречки вештини Брус Ли, почина откако актерот Мајкл Меси го застрела за време на снимањето на филмска сцена.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе