Вести Свет

Во Брисел самит на ЕУ лидерите

Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел редовен октомвриски самит на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката за миграција и азил.

Во пресрет на овој самит во Брисел, тие најавуваат дека ќе биде 107. и веројатно последен самит на кој канцеларката Ангела Меркел ќе ја претставува Германија.

Самитот на лидерите на ЕУ почнува денеска во 15 часот со работна сесија посветена на актуелното поскапување на енергенсите, што е предизвик за постпандемиското закрепнување и сериозно ги погодува европските граѓани и компании.

„Ќе разгледаме што може да се направи на ниво на ЕУ и на национално ниво, и во однос на краткорочното олеснување за најранливите и среднорочните и долгорочните мерки“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Во писмото со покана до лидерите на ЕУ, Мишел посочи дека пандемијата Ковид-19 „се уште не е завршена и дека бројките се зголемуваат во неколку земји-членки“.

Октомврискиот самит на ЕУ завршува утре со дискусија за европската дигитална трансформација, што, според Европскиот совет, е клучен двигател на економскиот раст, создавањето работни места и конкурентноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе